Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени пет јавни повици за закуп на државно земјиште

Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени 5 јавни повици за закуп на државно земјиште. Ова се дел од настаните кои го одбележаа денот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите на ниво пред да ги покачат, откако Премиерот Мицкоски ги повика.

Новиот модел на инклузија од МОН е во интерес на децата со посебни образовни потреби, не исклучува ниедно од нив.

МЗШВ објави 5 јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Министерот Мисајловски подели пакетчиња на децата на припадниците на АРМ и МО. Македонија се трансформира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.