Цените на угостителските услуги во ноември годинава останаа на исто ниво како претходниот месец, а зголемување од 0,1 отсто е забележано само во групата Храна.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во ноември во споредба со истиот месец од претходната година се зголемен за 0,5 отсто, а во првите 11 месеци од годинава пораснале за 0,4 отсто во споредба со истиот период лани. Зголемување од 0,4 отсто цените во угостителството имаат и во споредба со декември 2019 година.