Според објавените податоци во март годинава трошоците во споредба со претходниот месец се повисоки за 0,5 отсто, а цените на мало за 1,4 проценти.
Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,3отсто, тутунот за 2,6 отсто, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто, другите пекарски производи за 0,7 отсто, полномасното млеко, сувото овошје и јаткастите производи за 0,6 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,5 отсто, замрзнатото овошје за 0,4 отсто, брашното и другите житарици за 0,2 отсто.
Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 24,2 проценти, болничките услуги за 6,6 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето на облека за 6,2 отсто, телефонските и факс услугите за 5,9 отсто, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 4,4 отсто, парамедицинските услуги за 4,3 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 3,8 отсто, туристичките аранжмани за 2,5 отсто, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 1,9 отсто, велосипедите за 1,3 отсто, услугите за одржување
на станот и услугите за култура за 0,9 отсто, стоматолошките услуги за 0,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,5 отсто, гасот за домаќинствата, малите електрични апарати, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, информатичката опрема, книгите и угостителските услуги за 0,4 отсто, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите прекривки за под и текстилот за домаќинство за 0,3 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, другите медицински производи, услугите и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3,6 отсто, другите преработки од риба и морски плодови за 1,4 отсто, оризот и компирот за 0,9 отсто, јогуртот за 0,5 отсто, житариците, рибата и морските плодови за 0,3 отсто, месото, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, другите прехранбени производи и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај опремата за фиксни телефони за 4,5 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,5 отсто, облеката, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти и другите услуги, неспомнати на друго место за 0,8 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинство за 0,6 отсто, лековите за 0,5 отсто, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,3 отсто и обувките за 0,2 отсто.