Остриот раст на цените на енергијата во август во стечај и банкрот турнал неколку стотици компании во Германија, предупреди во средата економскиот институт IWH, а банките очекуваат значително поголем износ на кредити кои не можат да се наплатата во следната година.
Барање за стечај поднеле во август 718 компании, за четвртина повеќе отколку минатата година, а институтот проценува дека истата стапка на раст на овој показател ќе биде забележана и во септември. Во октомври, пак, би можело да се искачи и на 33 отсто, споредено со бројот на стечаите со истиот период минатата година, проценуваат во институтот.
„По долгиот период на мали бројки за компаниите во стечај, трендот коренито со променил“, изјави Штефан Милер од IWH.
Германското деловно здружение BDI предупредува на „голема рецесија“. Во истражувањето кое го спровеле меѓу 593 претпријатија, повеќе од третината од нив навеле дека поради високите цени на енергијата им се заканува пропаст. Во февруари, кога војната во Украина започна, таква оцена изнеле речиси четвртина или 23 отсто од нив.
Музеј на индустријата?
Индустриската групација VKU, исто така, искажува загриженоста, предупредувајќи дека на локалните комунални претпријатија им се заканува неликвидноста поради високите цените на енергијата и потенцијалните проблеми на потрошувачите со плаќањето.
Челникот на здружение на хемиската индустрија VCI во вторникот предупреди дека сѐ поскапата енергија би можела сериозно да ја загрози конкурентноста на Германија.
„Чекорот од водечката светска индустриска нација до музеј на индустријата никогаш нема да биде толку мал“, изјави за Reuters Волфганг Гросе Ентруп, шефот на VCI.
Анкетата на водечките кредитни институции во август покажа дека кредитите кои нема да можат да бидат наплатени во Германија следната 2023 година ќе се зголемат на 37,6 милијарди евра, од годинешните 31,9 милијарди евра.
Пороблематични споредби
„Нашите корпоративни клиенти не го искусиле бранот стечаи во текот на пандемијата. Денес, меѓутоа, тоа веќе не може да се исклучи, само што димензиите на (стечаите) сѐ уште не може да се квантифицираат“, изјави Хелмут Шелвејс, претседател на германското здружение на штедилници на неодамнешната банкарска конференција.
Криштоф Шаласт, професор на Франкфуртската школа за финансии и менаџмент, изјави дека ненаплатливите заеми не пораснале чувствително во текот на пандемијата, бидејќи државата им помагаше на компаниите со програмите за поддршка.
„Меѓутоа, ситуацијата сега темелно е променета. Сега имаме и други фактори, како што се инфлацијата, нарушувањата во синџирите во снабдувањето, војната во Украина и зголемувањето на каматите“, рече Шаласт.
Некои економски стручњаци предупредуваат, пак, дека од бројките коишто го покажуваат растот на бројот на стечаите не треба да се извлекуваат погрешни заклучоци.
Тие толкуваат дека показателите можеби изгледаат лошо за топа што вештачки се намалени во текот на пандемијата во 2020 и 2021 година, кога владата ги подржуваше ослабените компании со државна помош и го суспендираше законот кој ги обврзува на поднесување барање за прогласување инсолвентност.