Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека денеска без вода се останати делови на Центар и Чаир.
Во, општина Центар, без вода од 9:30 часот останале корисниците од улицата Црвена вода број 9 поради поставување на водоводен приклучок.
Улицата Џон Кенеди, во општина Чаир, поради дефект е останата без вода од 9 часот утрово. На оваа улица без вода се останати броевите од 9 до 27. Корисниците ќе бида без вода се до санирање на дефектот.