Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради дефекти денеска без вода останале дел оф корисниците во општините Центар и Кисела Вода.
Во општина Центар дефектот настанал во 10:45 минути, а бес вода останале корисниците од улиците Стив Наумов и Тетовска, како и Полициската станица и Амбулантата.
Во општина Кисела Вода, без вода станале дел од жителите од Драчево, во 11:15 часот. Во Драчево поради дефектот бес вода се жителите на улиците Сердарот, Ратко Митровиќ и Речиште.
Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека се работи на санација на дефектите.