Центарот на Скопје ќе стане пешачка зона

Низ центарот на Скопје од наредната година нема да се возат автомобили. Од Град Скопје најавуваат дека се работи на проектот, потегот од крстосницата кај Собранието до трговскиот центар „Палома Бјанка“ да биде пешачка зона.

„Тој дел ќе има комплетно нов изглед, а паркот ’Жена борец‘ ќе се прошири кон Собранието. Размислуваме единствено на тој простор да се движат автобуси од јавниот превоз. Паралелно ќе се работи и на проширување на улицата Даме Груев во булевар. Проблемот со зградата на поранешен ’Макотекс‘ која се наоѓа на самата улица го решаваме. Градот ќе ја откупи зградата и ќе ја урне. Во тој дел ќе има простор и за парк кој ќе биде замена на паркот спроти Стара железничка станица, кој беше уништен заради изградба на зграда од проектот ’Скопје 2014‘“, изјави градоначалникот на општина Центар, Петре Шилегов.

Оваа есен ќе се уредува и влезот кон Плоштадот Македонија, кај Триумфалната порта, најавуваат од општината, каде ќе се засади зеленило.