Центарот Визентал го поддржи предлогот закон за забрана на здруженија кои помовираат поддршка за нацизмот или фашизмот

Центарот Симон Визентал (Еврејска организација за човекови права) денеска издаде соопштение во кое го поддржува предлог законот од минатата недела на Рашела Мизрахи, пратеничка на македонското Собрание со кое би забранило какви било културни институции кои промовираат нацизам или фашизам. Предложениот предлог-закон е предвидено да се гласа
утре во парламентот.

Позадината на предложениот закон е неодамнешното воспоставување во Македонија на два бугарски културни центри, именувани по бугарски нацисти соработници, еден во Битола изминатиов април, именуван по Иван Михаилов, и
вториот неделава во Охрид, именуван по царот Борис III. И двајцата биле поддржувачи на сојузот на Бугарија со нацистичка Германија.

„Иако бугарските Евреи беа спасени од депортација во нацистичките логори на смртта, благодарение на напорите на бугарските функционери и црковни водачи, како што се потпретседателот на Собранието, Димитри Пешев, и истакнати свештеници, како митрополитите Стефан и Кирил, Бугарите депортираa над 7.000 Евреи, практично целa Македонска Еврејската заедница до Треблинка, каде што секој еден евреец бил депортиран, вклучително и повеќе од 2.000 деца беа убиени. Сегашната бугарска влада, како и многу други поранешни комунистички режими во Источна Европа го преработува наративот за холокаустот, за да се избрише неговото активно учество во злосторствата на Холокаустот, и ги изгради овие два таканаречени „културни центри“ за препишување историјата и да ги избрише нивните злосторства, изјави директорот за источноевропски прашања’, историчарот д-р Ефраим Зуроф.