Центарот за деца со аутизам ќе биде во Топанско Поле

Со цел зголемување на капацитетот за опфаќање на децата со аутизам, Владата ја прифати информацијата на Министерството за труд и социјална политика за изградба на Центар за деца со аутизам.

Тој ќе биде сместен во дворот на Заводот за рехабилитација за деца и младинци, во населбата Топанско Поле во Скопје.