
Берзанската цена на природниот гас во Европа во текот на претпладневното тргување во вторникот порасна на над 1.300 долари за илјада кубни метри, првпат по 24-ти мар, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Цената на фјучерските (терминските договори) за април на референтниот холандски јазол TTF порасна на 1.306 долари за илјада кубни метри гас, односно за 114.8 евра за мегават/час. Така, од почетокот на денешното тргување, гасот на ICE во Лондон поскапе за 12 отсто.
Центата на гасот позначително расте од 23-ти март и најавите на рускиот претседател Владимир Путин дека плаќањето за испорактие на гасот за извоз во земјите коишто ѝ воведоа санкции на Русија ќе се одвива во рубли.
Подоцна цената почна да паѓа, по вестите на намерите на САД да испратат дополнителни испораки на течен природен гас (LNG) во Европа, кој би требало да ги замени руските испораки.
Европската комисија соопшти дека ќе работи на создавање дополнителна инфраструктуа за прием на американскиот гас во количества од 50 милијади кубни метри на година. Тоа е нешто помалку од капацитетот на изградениот гасовод Северен тек 2, со кој енергенсот директно од Русија требаше да се носи во Германија, но поради војната во Украина неговото ставање во функција е неизвесно.