Централата од Скопје нареди мир во струмичкото СДСМ, засега само привидно затишје

Љубинка Вета и Наќе Гогов, двајцата советници од СДСМ во Советот на општина Струмица изминатите денови отворија жестока меѓусебна војна на социјалните мрежи, проследена со навреди и закани, но по наредба од централата од Скопје на заедничка вечера е склучен привиден мир.

Војната во струмичкото СДСМ е поради директорската фотеља во тамошната болница.

Од една страна на докторот Јане Араников, познат струмички анестезиолог кој ужива голема доверба и почит меѓу своите сограѓани, и меѓу своите сопартијц. Тој бил прв предложен и едногласно од Општинскиот одбор на СДСМ во Струмица прифатен како најпогоден кандидат за директор во струмичката болница. СДСМ од Струмица стоеше зад Јане Араников, кој беше поддржан од актуелните пратеници на СДСМ, Катерина Кузмановска и Коста Јаневски.

Поради тоа, Араников ја добил и поддршката на актуелниот премиер Зоран Заев, поранешенен прв човек на оваа општина и веќе било извесно дека тој ќе биде новиот директор на Јавната здравствена установа Општа болница Струмица.
20631414_10212819386906727_41477216_n

Но, во меѓувреме докторот Наќе Гогов, невролог и исто така влијателен во редовите на струмичките социјалдемократи, почнал да пројавува амбици за истата функција и да работи преку партиски познанстава и линии за да го обезбеди директорското место за себе.

Во неговото настојување да издејствува поддршка за прв човек на струмичката болница, според наши добро упатени извори од СДСМ, најголемата улога ја одиграла, медицинската сестра Марија Витанова, многу блиска на Гогов. Всушност, таа дејствувала преку својот син Крум Смилков, поранешен менаџер на неколку популарни диско клубови во Струмица, а кој од пред извесно време му станува советник за земјоделие на новиот министер Љупчо Николовски. Токму оваа спрега со министерот за земјоделие придонесува за разгорување на војната меѓу Вета и Гогов, која што се прошири на социјлните мрежи, а беше проследена со меѓусебни обвинувања за бизниси, алчност, лакомост, егоизам, мизерен карактер и препорака за дијазепами, но и забелешки од страна на многу активисти и симпатизери на СДСМ од Струмица.

Еднаш неправедно матичната партија СДСМ го разреши од директор на тогашниот Медицински центар во Струмица, во моментот кога тогашниот министер за здравство, планираше да го прогласи за најуспешен менаџер. Сега не го разрешивте, се разбира, зошто требаше да назначите директор на ЈЗУ Општа болница Струмица, а тој беше во трка со колегата Наке Гогов. Многу размислуваше пред да каже дали би сакал повторно да биде кандидат, зошто тој лесно не носи одлуки, ама ако донесе, таа е поткрепена и со план и стратегија за понатамошно дејствување за да ги постави работите како што тој умее – под конец. Одговорноста и посветеноста се негови најголеми доблести. Сте побарале од Здравствената комисја во Скопје двајца кандидати, тој, мојот брат, на 57 години-специјалист анестизиолог, мислам и примариус и доктор Наке Гогов – специјалист невролог, кој за некој месец ќе прави 64 години. По вашите критериуми, кадровици од мојата партија, како што најавивте сте избрале најстручни и најспособни директори… а изборот падна на Наке Гогов, кој ми е од браншата и со кој сум заедно во Советот на Општина Струмица, напиша Вета.

20624325_10212819388506767_1053761102_n

На ваквиот статус на Вета реагираше Миле Гогов, син на новиот директор на болницата Наќе Гогов.

gogov

Навидим културна, навидум ти не навредуваш, а ти кажуваш дека одлуката паднала на ,’неспособниот’ д-р Наќе Гогов.Епа вака да расчистиме едно. Ти бааги време имаш раскрстено со докторството. Мојот татко одлучи да биде доктор, а ти бизнисмен или бизнис-woman, на што не ти е таа лоша варијанта. Имаш заборавено дека мојот татко ти има помогнато додека ти работеше приватно до многу скоро. Имам слушнато за многу доктори пофални зборови, некои критики. Ама за тебе освен некаковото лигавење по фб, НЕ СУМ ВИДЕЛ НИТУ СЛУШНАЛ НЕКАКВА СИ ДИЈАГНОЗА , ЛИЧНО ОД ТЕБЕ, НЕКАКВО ЛЕКУВАЊЕ НА ГЛАВОБОЛКА, ВРТОГЛАВИЦА, РАЗРЕШЕН СЛУЧАЈ, напиша Гогов меѓу другото.

20623838_10212819382106607_901393427_n

Одлуката и препораката на општинската организација од Струмица за доктор Араников, сепак, беше сменета од централата на СДСМ, како што рековме, со поддршка на министерот Љупчо Николовски, кој повеќепати, изминатиов период, престојуваше во Струмица, во врска со проблемите со откупот на бостанот, но очигледно и активно се вмешл во кадровската политика, по што Гогов е поставен за директор на болницата.

Oткако разгорените страсти за власт протекуваат до јавноса и медимумите, централата на СДМС е принудена да се обидува да посредува во расколот и наредува да биде демонстрирно единство во партиските редови во Струмица, особено сега во периодот на подготовките за многу важните локални избори во октомври.

По интервенцијата на централата од Скопје, на социјалната мрежа Фејсбук се појави фотографија на која се гледа како двете раскарани струи на СДСМ седат на заедничка маса во ресторан и заеднички го слават и му го го честитаат директорското место на шеесет и четиригодишниот Наќе Гогов. Постовите, пак, кои ги напишаа на Фејсбук, и во кои се навредуваа и напаѓаа едни со други, струмичките сдсмовци ги избршиаа, најверојатно по наредба на централата на партијата.

20624325_10212819388506767_1053761102_n

 

20644049_10212819387706747_1230288484_n

 

20645619_10212819387026730_487248062_n

 

20631414_10212819386906727_41477216_n

 

gogov

 

20632296_10212819388866776_993579398_n

20624545_10212819388666771_895320405_n