Европската централна банка (ECB) ги подигна во четвртокот клучните каматни стапки за 0,5 процентни поени, со што веќе четврти пат последователно ја крева во обидите да ја заузда високата инфлација во еврозоната, а се очекува и нивно натамошни зголемување врз основа на значително подигнатите проекции за инфлацијата.
Во ECB ја подигна главната каматна стапка за 0,5-процентно поени, на вкупно 2,5 отсто, а каматата за депозитите на банките на 2 отсто, сепак ублажувајќи го темпото на нивното подигнување откако на двете претходни седници ги зголемуваше за по 0,75 процентни поени.
Клучната каматна стапка во еврозоната со години беше замрзната на рекордно ниско ниво од 0 отсто, но брзиот раст на потрошувачките цени годинава, во прв ред поради скокот на цените на енергијата, ја принуди ECB да ја промени својата политика и започна со кревањето на каматните стапки во јули.
Со тоа ECB ги зголеми каматните стапки за вкупно 2,5 отсто во јули, во досега најбрзиот циклус на нивното кревање, за да ја сузбие високата инфлација којашто оваа есен надмина 10 отсто поради силниот раст на цените на храната, енергијата, а сега и на услугите.
Покрај, тоа ECB не се откажува од натамошно зголемување на каматните стапки, имајќи предвид дека новите економски проекции покажале дека ќе треба да минат години за инфлацијата да се врати на одреденото ниво од 2 отсто.
Во ноември инфлацијата во целата еврозона изнесувала 10 отсто, според првичните процени на Eurostat, откако во октомври била на врвот достигнувајќи 10,6 отсто. Но според најновите проекции на ECB се очекува дека стапката на инфлација годинава ќе биде повисока отколку што се очекуваше во првите три месеца, како и дека ќе достигне 8,4 отсто. Во септемвриската прогноза беше предвидена стапка на инфлацијата од 8,1 отсто.
Во 2023 година се очекува годишна инфлација од 6.3 отсто, исто така, повисоко од септемвриските прогнозирани 5,5 отсто, којашто потоа би требало да забави на 3,4 отсто во 2024-та и 2,3 отсто во 2025 година, според најновите проекции.
За економијата во еврозоната се проценува дека оваа година ќе порасне за 3,4 отсто, следната година ќе забави на 0,5 отсто, по што во ECB очекуваат раст од 1,9 отсто во 2024-та и 1,8 отсто во 2025 година.
Иако повисоките каматни стапки се главниот инструмент на ECB во спротиставувањето на високата инфлација, тие претставуваат и товар за стопанството, бидејќи тоа значи поскапи кредити и за компаниите и за граѓаните.
На денешната седница на ECB, исто така, беше решено да се намали портфелот на обврзниците, вреден 5 билиони евра, купени додека се правеа обидите да се поттикнат стопанските активности, што на компаниите и на владите ќе им ги зголеми трошоците за задолжувањето.
„Од почетокот на март 2023 година па натаму, портфелот на програмата за купување сопственост (APP) ќе се намалува со одмерени и предвидливо темпо. Намалувањето ќе изнесува 15 милијарди евра во просек месечно до крајот на вториот квартал од 2023 година“, стои во соопштението на ECB.