Центристичката партија на Ганц го зголемува притисокот врз владата на Нетанјаху

Центристичката партија на Венјамин Бени Ганц, министерот во воениот владин кабинет на Израел, предложи нацрт-закон за распуштање на парламентот во четвртокот, што сигнализираше растечки тензии во владата на Бенјамин Нетанјаху, иако премиерот располага со доволно мандати за да ја задржи власта.

Овој предлог следи по ултиматумот на Ганц со кој побара од Нетанјаху да се согласи со повоениот план за управување со Газа до 8 јуни. Тој се закани дека ќе ја напушти коалицијата доколку не биде постигнат договор, иако партијата Ликуд на премиерот и нејзините тврдолинијашки сојузници го имаат мнозинството мандати во Кнесетот и без пратениците на Ганц.

Нетанјаху долго време изгради слика за себе како некој кој ја става безбедноста на Израел на прво место, но тој се соочува со растечко незадоволство по крвавиот напад на Хамас на 7 октомври, кој се случи „под негов надзор“.

„Седми октомври беше катастрофа што бара од нас да ја вратиме довербата на народот, да воспоставиме широка и стабилна влада на национално единство што сигурно ќе не води“, рече пратеничката Пнина Тамено од партијата Национално единство на Ганц.

Тамено смета дека сега е време да се поднесе овој предлог-закон.

Партијата Ликуд тврди дека распуштањето на владата ќе им наштети на воените напори и ќе зададе „фатален удар“ врз напорите за ослободувањето на повеќе од 120 луѓе кои сѐ уште се во заложништво на палестинската исламистичка групација Хамас замени во текот на нападот во јужен Израел на 7 октомври, најлошиот терористички напад на Израел во историјата во кој беа убиени 1.200 луѓе а земени вкупнот над 250 заложници. Израел потоа започна напад врз Појасот Газа во кој досега загинаа повеќе од 36.000 луѓе.

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас“ и дека исполнувањето на неговите барања ќе значи „крај на војната и пораз на Израел, ослободување на повеќето заложници, оставање на Хамас на власт и создавање палестинска држава“.

Коалицијата на Ганц – Национално единство му одговара на премиерот дека тој е тој што ја урива владата, но дека има уште време да се договорат, бидејќи само „заедно можат да победат“.