Церар победи на изборите во Словенија

На основа на пребројаните 88,37 отсто гласови на словенечките парламентарни избори, најмногу гласови 34,77 отсто освоила партијата на Церар.

Од партијата на Церар, Словенечката демократска партија со 20,56 отсто гласови, што е најлош резултат од 2000-та година, додека на трето место со 10,18 отсто од освоените гласови Партијата на Словенечките пензионери. Веднаш по нив Социјадемократска партија со 5,42 отсто од гласовите и Сојузот на Аленка Братушек со 4,38 отсто.

Словенечкиот претседател Борут Пахор му ја честитал убедливата победа на Миро Церар. Тие двајца се договориле во среда да одржат работен состанок, соопштил Пахор на Твитер.

Церар, наговестувајќи да планира повторно разгледување на кризниот програм на претходната влада изјавил дека неговата партија ќе настојува да ги исполни обврските кон ЕУ, но дека за остварување на целите ќе бара сопствени патишта, кои ќе бидат најдобри за Словенија.

Церар навел дека програмот за приватизација ќе биде еден од приоритетите за идната словенечка влада.

Тој го повторил својот став дека неговата партија нема да прави коалиција со второпласираната партија СДС бидејјќи според него, тоа е партија која ги поткопува институциите на државата, и дека за коалиција ќе разговара со сите останати партии.

Потпретседателот на СДС Звоне Чернач изјавил дека новата влада ќе биде „Лукашенкова влада“ која неговата партија нема да ја признае, како и тоа дека членовите на парламентот од редовите на СДС нема да учествуваат во собраниските тела.