Чешки туристи се ограбени и убиени во Дукаѓин, на северот на Албанија.
Чесити Мишел Сватос (27) и Ана Косинова(36), кампувале во селото Прекал кај Дукаѓини, каде што имало и други чешки туристи-кампери.
Тие синоќа околу 20.30 часот веднаш, по излезот од селото на патот кој води кон Скадар биле пречекани со пукотници од автоматски пушки Калашников и биле усмртени на самото место. Откако ги ограбиле разбојниците возилото заедно со нивните тела го турнале во бездна, со цел да наликува на сообраќајна несреќа.
Од отпечатоците кои се пронајдени на прозорците од возилото полицијата трага по четворица жители од селото на возраст од 18 до 35 години. Едниот од нив се претпоставува дека бил во возилото изигрувајќи водич.
Овој грозоморен чин видно ја вознемири албанската јавност, посебно во период кога се очекува голем бран на туристи. На местото на настанот синоќа биле високи полициски функционери, а големи полициски сили сеуште го чешлаат теренот барајќи ги разбојниците.
Ова инаку, не е прв трагичен настан кога стнува збор за престојот на чешки туристи во Албанија, кои посебно се водушевуваат на „албанските Алпи“ во северот на земјата. Тројца млади Чеси изчезнаа во 2001 година исто така во ова подрачје и до ден денес не е позната нивната судбина. Во 2012 година тројца чешки туристи беа ограбени во Кукс, додека во мај година животот го загуби чешки турист правејќи рафтинг во реката Кири кај Скадар.