Цетински: Подготвен сум да одговарам

Познатиот хрватски пејач Тони Цетински повторно се огласи на социјалните мрежи во врска со сообраќајната несреќа во која загина 62 годишен маж.

Пејачот овој пат ги замоли сите оние кои се занимаваат со претпоставки тоа повеќе да не го прават, туку да почекаат официјалните лица да ги соопштат заклучоците.