Чадиев: Се’ што ветивме за Велес пред изборите го реализиравме

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев на денешната панел-дискусија насловена како „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: Инвестираме во локалната самоуправа“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ вели дека локалната самоуправа со задоволство може да каже дека она што било ветено во предизборието е реализирано.

Првиот чекор што го направивме по освојувањето на локалната власт беше да ја отвориме општината према граѓаните. Така да граѓаните на општина Велес си имаат секој четврток непосредни средби со градоначалникот. Тој е тука да ги ислуша нивните потреби, да разговара за нивните потреби, истакна Чадиев.

Вели дека Велес е можеби единствена локална самоуправа која со свои средства изгради Индустриска зона.

-Во таа индустриска зона ние вложивме околу 2 милиони евра, исплатени до денар на сите изведувачи. Токму на таа Индустриска зона некогашните власти промовираа Шведски села, потрошија грдни пари, меѓутоа, тука не успеаја да го направат, посочи Чадиев, додавајќи дека во таа зона работат повеќе од 400 граѓани на Велес.

Потенцира дека во минатото, водоснабдувањето во градот претставувал сериозен проблем.

-Ние во меѓувреме, не само што успеавме да го вратиме кредитот кој беше земен од претходните власти за промена на водоводната инфраструктура, иако не беше наменски потрошен. Ние го вративме тој кредит и во меѓувреме успеавме да извадиме повеќе од 48 водоводни линии низ нашиот град. Имаме изработени и десетици канализациони мрежи низ нашите населени места, потенцира Чадиев.

Градоначалникот додаде дека на најкритичните места каде што претходно имало многу сообраќајни несреќи, општината направила кружни токови, со што бројот на незгоди бил значително намален.