Доктор Владимир Чадиковски и си заминува од Клиничката болница Жан Митрев, дознава Фактор. Детскиот кардиохирург кој од годинава се префрли во оваа приватна болница за да прави операции на деца кои ги покриваше Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) го доставил отказот во „Жан Митрев“. Причина според нашите информации се подолготрајните несогласувања со менаџментот на болницата и непрофесионализмот при извршување на обврските.
Отказот е во ист ден кога доктор Жан Митрев објави информација дека за првпат во Македонија успешно се извела една од најтешките и кајкомплексните операции на срце кај деца. Имено на новородено дете од 2,9 килограми му била извршена таканаречена тотална транспозиција на главни крвни садови што е една од најкомплексните аномалии на срцето.
„Детската кардиохирургија останува во приватната болница, кој не е задоволен може да си оди, ќе дојдат други луѓе. Луѓето таму преминаа по сопствена волја, рече Филипче.