![osum-casi-voda-dnevno](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/osum-casi-voda-dnevno.jpg?resize=620%2C370&ssl=1)
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради дефект на водоводната мрежа дел од корисниците од општина Чаир денеска се останати без вода.
Дефектот настанал утрово во 10:30 часот на улицата Ресенска, а без вода останале жителите од броевите 3, 7 и 14, како и ресторанот „Бизнис“.
Корисниците без вода ќе бидат се до санирање на дефектот.