Чапуткова фаворит на вториот круг од претседателските избори во Словачка

Словаците во саботата излегуваат на изборачките места во вториот круг од претседателските избори на коишто конкурираат либералната адвокатка Зузана Чапутова поткрепена од опозицијата и независниот кандидат Марош Шефчович, поранешен комесар на Европската унија за енергија кој ја има поддржан од владејачката партија.

Повеќе од четири милиони Словаци имаат право на глас и ќе може да гласаат за еден од двајцата кандидати кои добија најголема поддршка во првиот круг од изборите кој се одржа на 16-ти март. Избирачките места се отворени до 21 часот во саботата, а резултатите од гласањето се очекуваат во недела,.ж

Последните анкети покажуваат голема предност на Чапутова која тогаш доби 40,6 отсто, во однос на Шефчович кој освои 18,7 отсто од гласовите. Според агенцијата Pavel Haulik, се очекува изленоста да биде помала од 49 отто, колку што изнесуваше во првиот круг.

Како и во повеќето европски земји, шефот на државата е врховен командант на словачките вооружени сили и може да стави вето на нови закони и ги именува највисоките судии.

Чапутова е либерална адвокатна и доаѓа од неодамна основаната Прогресивна словачка партија, и може да стане првата жена на оваа главно симболична должност. Чапутова е критикувана од црквата и другите конзервативни фрупи поради ставот за абортусот и хомосексуалноста, но нејзиното водство по првиот круг покажа дека Словачка не е толку конзервативна колку што се мислеше.

Барањата за промена на власта беа покренати во февруари минатата година по масовните протести поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Куциак и неговата свршеница Мартина Кушнирова но домот близу Братислава. Тој во тоа време работел на сторија за поврзаност на словачки министри и италијанската мафија. Чапутова во понеделникто ја доби поддршката од неговиот брат.