Новиот британски монарх Чарлс Трети во понеделникот првпат го посети британскиот Парламент откако е прогласен за крал и во обраќањето пред пратениците законодавниот дом го нарече „жив инструмент на демократијата“.
„Парламентот е жив инструмент на нашата демократија кој дише. Стоејќи денеска пред вас, не можам а да не ја чувствувам тежината на историјата која нѐ опкружува и којашто нѐ потсетува на исклучително важните парламентарните традиции, на коишто челновите на двата дома на парламентот се посветуваат со таква лична доследност поради благосостојбата на сите нас“, рече Чарлс Трети во своето прво обраќање во парламентот пред пратениците да станат за ја испеат британската химна.
Кралот Чарлс Трети додаде дека е „решителен верно да го следи“ примерот на својата мајка кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата седмица на 96-годишна возраст по 70 години владеење.
„Беше пример за несебична должност, којашто, со Божја помош и ваши совети, сум решителен верно да ја следам“, им порача на пратениците новиот британски монарх.
Чарлс Трети изрази благодарност за изразите на сочувство коишто му ги упатиле пратениците.
Кралот по обраќањето во парламентот отпатува во Единбург со кралицата сопруга Камила. Чарлс Трети ќе го следи ковчегот со кралицата од дворецот Холирудхаус до катедралата Сент Џил (свети Егидиј). Потоа ќе се сретне со шкотската премиерка Никола Старџен и ќе присуствува на седницата на шкотскиот парламент