Чарлс Трети во ноември ќе го одржи првиот говор по стапувањето на престолот

Британскиот крал Чарлс Трети на 7-ми ноември ќе го одржи својот прв говор како монарх во кој пред парламентот ќе ги изнесе приоритетите на владата, соопшти во четвртокот министерската за врски со парламентот Пени Мордонт.

Чарлс во мај 2022 година одржа таков говор во парламентот, кога неговата сега почината мајка кралицата Елизабета Втора беше болна. Но тогаш сѐ уште беше престолонаследник и во таа пригода седеше на тронот наменет за кралицата сопруга, кој симболично е малку помал отколку престолот на кралот.

На 7-ми новември годинава Чарлс Трети, така, ќе го одржи својот прв говор откако стапи на престолот по смртта на кралицата на 8-ми септември 2022 година.

Британските монарси традиционално детално ги претставуваат во парламентот законодавните планови на владите, врз кои инаку немаат никакви ингеренции и влијание.

Тоа ќе биде веројатно последниот говор пред парламентарните избори кои треба да се одржат следната година. Тоа ќе му пружи можност на премиерот Риши Сунак да ги изнесе своите приоритетит пред важните избор на коишто фаворити се опозициските лабуристи, по 13-годишното владеење на конзервативците.