Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу час и половина, додека на граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу еден час, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.