Знаменитостите во Нов Зеланд први потонаа во мрак по повод Часот на планетата Земја, кој денеска се одбележува во најголемиот дел од светот.
Глобалниот настан ги охрабрува земјите да ги исклучат светлата на еден час за да привлечат внимание на климатските промени.
Знаменитостите во Окленд, вклучително и Скај Тауер, Мостот Харбор и Парламентот во Велингтон, потонаа во мрак во 20:30 часот (07:30 по Гринич).
Подоцна, други знаменитости ширум светот, вклучувајќи ги Емпајер Стејт Билдинг, Ајфеловата кула и операта во Сиднеј, ќе ги изгаснат светлата во знак на солидарност.
Портпаролката на SkyCity, Клер Вокер рече дека Скај Тауер, највисоката градба во јужната хемисфера, потона во мрак како „симбол на нашата посветеност“ кон планетата.
– Часот на планетата Земја е иницијатива која сите можеме да ја поддржиме на свој начин и горди сме што Скај Тауер може да ја води оваа кампања во Окленд, рече таа.
Со текот на годините, како дел од иницијативата, цели улици, згради, знаменитости и градски контури ги гаснат светлата. Иницијативата започна во 2007 година во Австралија, а во 2021 година учествуваа 192 земји и територии.