Чаша пијалок за добро утро

Напитокот од лимон и вода треба да биде на собна температура. После напитокот исплакнете ја устата со вода.

Го поттикнува имунитетот

Овој напиток е богат со витамин Ц и го зајакнува имунитетот. Освен тоа нутриционистите велат дека витаминот Ц од лимонот му помага на телото да го апсорбира железото, особено она кое го има во намирниците кои не се од животинско потекло.

Го подобрува варењето

Сокот од лимон е со слична структура како и желудечниот сок и има позитивно дејство на дигестивниот тракт. Освен тоа, сокот од лимон е добар против киселини и надуеност.

Помага во регенерирањето на кожата

Лимонот е одличен во борбата против стареење на кожата. Имено, антиоксидансите од лимонот се борат против слободните радикали кои предизвикуваат стареење. Витаминот Ц од лимонот помага во изградбата на колагенот кој ги држи борите под контрола.

Benefits-of-drinking-lemon-water-1-s

Го намалува апетитот

Лимонот содржи пектин кој создава чувство на ситост. Подолго ќе бидеме сити и нема да имаме поголема потреба за храна, па при следниот оброк имаме помалку шанси да одбереме погрешна храна.

Балансирана pH вредност

Чаша вода со малку лимон ја намалува киселоста на организмот. Имено овој напиток содржи лимонска киселина, а создава киселина во телото.

Го освежува здивот

Антисептичните својства на лимонот ги убиваат сите лоши бактерии во устата и делуваат дезинфекционо. Чаша лимон и вода наместо утринско кафе е поздрав избор.

Помага во зараснување на раните

Овој напиток го штити здравјето, го намалува стресот и депресијата, а освен тоа содржи и витамин П кој поволно делува на прокрвеноста на капиларите. Освен што помага при зараснување на раните, лимонскиот напиток е добар и за заздравување на коските, ткивата, `рскавиците, а ги намалува и воспалителните процеси.