Чашуле: Сите 62 пратеници кои кренаа зелен картон за гласање на владата на Заев ќе бидат виновни за сето она зло кое и’ се нанесува на Македонија

Во епидемијата целосно кој потфрли на сите полиња е државата, владата. Таа не си ја обавува со Устав и закон дадената обврска да се грижи за здравјето на граѓаните и затоа мислам дека е време да се постави прашањето кој е крив за сето ова?

За загубата на толку човечки животи, не се оние двајца кои отишле во Занзибар туку они што се заседнати на Илинденска. Kога зборуваме за заседнатоста во удобните фотелји на Илинденска, Заев се обиде да си купи, барем така викаат, 90 дена привиден мир, успеа со камшик да ги собере 62 пратеници да ги седне во собраниската сала, да си побара гласање без грам дебата и да си изгласа доверба на владата тие малку верници кои му останаа овој потег го крстија како блиц-крик операција против опозицијата, рече Коле Чашуле во емисијата „Седмица“.

Во текот на емисијата Чашуле во врска со гласањето на доверба на владата посочи дека главна цел на Заев му било да ги дисциплинира своите пратеници, но и пратениците на ДУИ односно да ги исплаши дека ако падне тој ќе ги повлече и нив со него.

Мислам дека главната цел на Заев со овој потег не беше толку да купи 90 дена мир како што велат повеќето, демек опозицијата во тој период не може да бара ново гласање, туку вистинската цел беше да ги дисциплинира своите пратеници, но и тие на ДУИ, да проба да ги стави на свршен чин и да ги исплаши дека нема око да му трепне ако тој падне да ги повлече сите со себе, кажа Чашуле.

Чашуле на пратениците кои кренаа зелено картонче за гласање на довербата на владата на Заев им порача дека отсега сите тие заедно ќе бидат виновни за сето зло кое и се нанесува на Македонија.

Втора работа е што навистина во следните 2-3 месеци планира да направи нешто кое што може да му го загрози опстанокот, нешто слично како со бегството на Мијалков. Само сакам едно да им порачам на сите 62 пратеници кои кренавте рака со зеленото картонче за Заев. Отсега, од оваа недела вие заедно со него ќе бидете виновни за сето зло кое и се нанесува на Македонија. Нема веќе правдање, виновни сте што доцнат вакцините и луѓе умираат. Виновни сте за ширењето на лажни вести, виновни сте за економската беда во која се наоѓаме и виновни сте за сите проблеми со Бугарија, а допрва ќе бидете виновни за сите седни негови потези, додаде Чашуле.