
Таа посочи дека сите мерки кои ги воведе Владата имаат рефлексија на локално ниво и им го олеснуваат животот на жените.
Како пример ги посочи големиот број на инфраструктурни проекти кои им го олеснува животот на жените, изградбата на детските градинки, искористување на некои од мерките кои ги креира Владата за вработување, мерките за трето дете, спортски игралишта, мерката за млади земјоделци.
-Со изградбата на градинка, направи една верижна реакција со што голем број на мајки одлучија да се вработат, бидејќи порано немаше кој да им ги чува децата, рече Чаушевска.