Чави објави крај на играчката и почеток на тренерската кариера

Триесет и деветгодишниот поранешен капитен на Барселона и шпанската фудбалска репрезентација Чави Ернандез во четвртокот во отворено писно објави дека по завршувањето на сезонава ќе ја заврши играчката кариера и ќе ја започне тренерската.

Чави во периодот од 1998 до 2015 го носеше дресот на Барселона за која впиша рекордни 767 настапи и освои осум титули првак на Шпанија и четири во Лигата на шампионите, а пред четири години премина во катарскиот клуб Ал Садд за кој сѐ уште настапува.

За селекцијата на „Црвената фурија“ настапи 133 пати и ја овои тутулата светски првак во 2010 година, а во меѓувреме во 2008 и 2012 година последователно беше и европски првак.

„Ова е мојата последна играчка сезона, но ѝ се радувам на тренерската иднина. Имав привилегија да играм сѐ до 39-та година, а својата последна сезона би сакал да ја завршам со освојување на Купот на емирот и азиската Лига на шампионите“, објави Чави.