Чави Симонс ќе отсуствува неколку седмици поради повреда

Фудбалерот од средниот ред на РБ Лајпциг, Чави Симонс, ќе биде надвор од терените неколку семици по повредата на лигаментите на левиот скочен зглоб при поразот од Ливерпул во средата со 0:1 во Лигата на шампионите, објави германскиот клуб во петокот.

Холандскиот интернационалец Симонс, кој е во Лајпциг како позајмен ирач од ПСЖ, беше сменет по сударот со дефанзивецот на Ливерпул, Ендрју Робертсон.

„Допрва треба да се донесе одлука како да се третира повредата“, објави Лајпциг во четвртокот.

Дваесет иедногодишниот Симонс, кој има 24 настапи за Холандија, ги започна сите четири натпревари во Лигата на нациите во септември и октомври.

Холандија, второпласирана во групата А3 со пет бода, следниот месец игра со Унгарија и Босна и Херцеговина, кои се обидуваат да обезбедат пласман во четвртфиналето.