Од штипскиот затвор денеска се пуштени на отпуст од 30 дена петмина осуденици кои беа осудени за настаните од 27-ми април 2017 во Собранието.
Од затворот информираат дека од денеска со прекин на казна од 30 дена со потпис на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, се: Јане Ченто, Александар Јаневски-Тошка, Оливер Поповски, Митко Чавков и Митко Пешев, а на 25 јули на слобода ќе излезе и Душко Лазаров исто така со прекин на казна од 30 дена, пренесе Канал 5.
Станува збор за прекин од еден месец кој е поткрепен со медицинска документација, кој овој прекин го побарал од директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов, пренесе 24 Вести.
Пандов, потврди дека одобрил барања, за кои тврди дека нема право да ги одбие, бидејки се работи за лица кои имаат поткрепена медицинска докумнетција и од специјалисти. Меѓу барањата што се одобрени има лица чии имиња не се на осудениците од 27 април
„Како в.д. Директор на управата за извршување на санкции, единствено што можам е ако дојде барање од затвореник којшто ќе достави документација дека има акутен здравствен проблем, потпишано од специјалист дека мора да се изврши здравствен зафат, тогаш јас немам право да го одбијам тој. Такви случаи во минатото биле одбивани. Јас тоа нема да го правам!“, изјави в.д. Директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов.
Осуденици за случајот 27 април се повикале на Членот 225 од Законот за извршување на санкциите, чиишто измени беа изгласани кон крајот на месец март. Според информациите на тв 24 во процедура се барањата и на Горан Ѓошевски и Вилијам Михајловски. Според истите информации прекин поради медицинска потреба има и Горанче Анѓелковски Ќосето, пренесе телевизијата.
фото: Сител