
„Заедно со останатите институции на системот и со месното население, со волонтери, работевме максимално интензивно, што се вика деноноќно и учествуваме во санирање на останатите штетни последици“, рече Чавков.
Министерот потенцираше и дека специјалните единици на МВР беа вклучени во спасувачки мисии ноќта на поплавите и следниот ден со специјализирана опрема и со специјални возила.
-Ние како Република Македонија, како Влада и како институции на системот немаме искуство со таква природна катастрофа и со таква елементарна непогода, додаде Чавков и нагласи дека по разговорите со членови на месното население, а посебно со постарите луѓе, практично не се памети ваква природна катастрофа во Република Македонија, а веројатно и во регионот.
„Меѓутоа, јас одговорно тврдам дека ние успеавме добро да се организираме и успеавме добро да одговориме на овој несекојдневен предизвик со кој не сме се соочувале досега како држава“, вели Чавков.