Чеченија која е со мнозинско муслиманско население, почна да гради станови за сместување на Палестинците кои бегаат од Газа, објави во средата Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченската Република.
Кадиров присуствуваше на церемонијата на поставување на камен темелник во областа наменета за изградба на пет блока кои ќе имаат по 35 станови. Зградите ќе бидат лоцирани во близина на училиште и градинка.
„Со големо задоволство, им честитам на доселениците кои наскоро ќе добијат нови домови“, напиша Кадиров на Телеграм. „Нагласив дека ќе продолжиме да обезбедуваме сеопфатна помош и поддршка.
Проектот беше финансиран преку регионална добротворна организација. Секое семејство ќе добие 100.000 рубли (1.120 долари), според регионалната влада.
Околу 130 милиони рубљи (1,45 милиони долари) се доделени за хуманитарна помош за Газа и за населување бегалци, соопштија чеченските власти.
The ceremonial laying of a capsule for the construction of houses for refugees from Gaza took place in Chechnya
Kadirov himself arrived at the ceremony. It is planned to build 5 houses with 35 apartments pic.twitter.com/iC2PFw2gAr
— Michael Weingardt (@Michael_Wgd) January 10, 2024
Чеченија досега прими повеќе од 200 Палестинци кои бегаат од борбите меѓу Израел и Хамас. Оттогаш, околу 30 најдоа вработување во локалното здравство.
Русија прифати вкупно 1.158 бегалци од Газа од избувнувањето на конфликтот на 7 октомври.
Според Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, досега загинале повеќе од 23.000 Палестинци. Речиси 1,9 милиони луѓе – повеќе од 85 отсто од населението на Газа – се раселени, соопштија ОН минатиот месец.