Чеферин: Има уште една опција за ЛШ и ЛЕ

Плановите за продолжување на сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа веќе се појавија во медиумите, со специфични датуми за натпреварите.

Идејата е овие натпревари да се одржат во август, откако претходно ќе завршат националните првенства.

Сепак, според претседателот на Европската фудбалска централа (УЕФА), Александар Чеферин, постои друга опција.

– Се зависи од тоа кога ќе продолжат националните првенства. Ако тоа се случи доволно брзо, тогаш е можно средбите од ЛШ и ЛЕ да се играат паралелно, објасни Словенецот во интервју за „Кориере дела Сера“.