Чеферин: Супер лига со двe екипи, Реал и Јувентус нека играат секој ден

Супер лигата, како што тврди Флорентино Перез, можеби постои, но во неа се само Реал Мадрид и Јувентус и двете екипи можат слободно да играат секој ден, изјави денеска претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин.

– Цела фудбалска Европа е со нас. Добив пораки со поддршка од речиси сите клубови – истакна Чеферин.

Тој нагласи дека полиуфиналните натпревари во тековната сезона во Лигата на шампиони не се доведени во опасност. 

– Во иднина работите ќе бидат малку поинакви. Вратата на УЕФА останува отворена за сите, но сите ќе мораат да сносат последици за своите постапки – порача Чеферин во интервју за словенечките медиуми.