Жителите на Чегране, најголемото село во гостиварската општина, наскоро ќе добијат асфалтиран пат со кој во иднина преку соседното Тумчевиште, ќе можат директно да се приклучат на автопатот Гостивар-Тетово.
„Покрај жителите на Чегране, овој пат ќе го користат и жителите на Форино и Корита. Барањето на жителите го реализираме со средства од буџетот и се надевам дека со оваа инвестиција ќе се подобри квалитетот на животот“, рече Невзат Бејта, градоначалник на општина Гостивар.
Со овој проект, вреден над 18 милиони денари (300 илајди евра), ќе се преуреди постојниот макадамски пат долг околу три километри. Покрај асфалтирањето, ќе се изврши и проширување на коловозот.
Селото Чегране и околните населби, со градот и останатите населби беше поврзано само со локален пат.