Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ќе биде значајно ослабен на последниот натпревар од АБА лигата против Раднички Крагуевац, откако раководството на ова регионално натпреварување одлучи да го суспендираат репрезентативецот Ѓорѓи Чековски на еден натпревар поради физичката пресметка со Тејиќ на дуелот со Црвена Звезда.
Двајцата кошаркари се казнети со по еден натпревар, а Чековски бил казнет по дополнителната пријава од судиите на мечот. Вкупна казна од 700 евра заработи и МЗТ Скопје.
Со победа на последниот натпревар против Раднички, МЗТ Скопје ќе го освои 6.место во АБА лигата и ќе обезбеди директен пласман во Еврокупот во следната сезона.