Челничката на Комитетот за имунизација контра министерот: Вакцината на Фајзер мора да се регистрира

Доктор Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација во вторниот вечерта во гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, разобличи уште една лага на министерот за здравство Венко Филипче.

Имено, откако српската премиерка Ана Брнабиќ во гостување на српската телевизија Хепи рече дека вакцината на “Фајзер “не е регистрирана и нема план за вакцинација  Македонија, министерот Филипче изјави дека не треба регистрација на вакцината во нашата земја како и дека не постои законска пречка за примена на вакцините против КОВИД 19 од Фајзер, за денеска докторката Грозданова да го потврди она што Брнабиќ претходно го изјави.

Грозданова посочи дека во Комитетот за имунизација сакале да ја регистрираат вакцината на американската компанија „Фазјер“, но дека производителот поставил неколку критериуми коишто морале да се адаптираат.

„Ние сакавме да ја регистрираме вакцината на ‘Фајзер’, но од друга страна производителот поставува некои критериуми, законодавни, односно регулаторни барања коишто вие мора да ги адаптирате и тој процес на регистрација на лековите навистина е еден многу јасно дефиниран со законски регулативи процес“, рече Грозданова.

Иако таа не прецизираше во што се состојат овие ограничувања, многу европски земји се критикувани дека всушност одобриле употреба на оваа вакцина при што граѓаните потпишуваат дека го ослободуваат производителот на препаратот од секаква одговорност во случај на несакани последици по нивното здравје предизвикани од вакцинирањето со него.