Челниците на Европската унија се подготвени да ги разгледаат сите можности за ограничување на цените на гасот, за што веќе со седмици траат дискусиите, а основа за тоа се низата заклучоци подготвени за состанокот кој ќе се одржи на 20-ти и 21-ви октомври, пренесува Reuters.
Со седмици нема никакво придвижување во позициите на 27-те земји членки на ЕУ околу тоа дали треба и на кој начин да се ограничи цената на гасот, во настојувањата да се заузди растот на цените на енергенсите пред доаѓањето на зимата во Европа. Целата ситуација ја вложува неизвесноста околу можностите за набавување на гасот од Русија, кризата поради растечките животни трошоци и можноста за влегување во рецесија.
Цените на гасот започнаа да растат уште минатата есен поради бројни фактори на пазарите и грешките со испразнувањето на подземните складишта во Европа, а по кусото стабилизирање почнаа повторно вртоглаво да растат по намалувањето на испораките од Русија поради западните санкции воведени поради нејзината војна во Украина. Таквата ситуација доведе до тоа многу земји членки на ЕУ да почнат да бараат ограничување на највисоката цена на гасот, но не можат да се согласат околу начинот на кој тоа би требало да се стори.
Некои земји, вклучително и Германија која е најголем потрошувач на гас во Европа, и натаму се против ограничувањето. Нивниот став е дека ограничувањето на цената би можело да доведе до зголемена побарувачка на гасот или да им оневозможи на државите да ги привлечат добавувачите на гасот од другите пазари во светот.
Европската комисија во вторник би требало да го претстави пакетот енергетски мерки за справување со кризата, пред состанокот на челниците на Европската унија. Неколку земји кои се залагаат за ограничување на цената на гасот изразија загриженост дека ЕК нема да ги упати нивните барања, изјави за Reuters дипломат од ЕУ.
„Меѓу земјите членки расте нестрпливоста. Затоа уфрливме во поголема брзина и сѐ за што се разговараше го ставивме на масата. Тоа е начинот да се изврши притисок врз ЕК да излезе со најконкретните можни предлози“, рекол дипломатот.
Најновиот работен документ со заклучоците покажува дека челниците би можеле да се договорат за „можен привремен динамичен коридор“ за природниот гас, додека не биде пронајдена алтернатива.
Дипломатите велат дека консензусот би можело да се случи околу цената на гасот кој се користи како погонско гориво за генераторите во производството на електрична енергија, познат како „Ибериски модел“, но кај некои тоа довело до загриженост околу зголемување на побарувачката на гасот.
Тоа што во документот подготвен за самитот се собрани одредени нацрт-заклучоци, не значи и дека челниците на ЕУ ќе се усогласат околу кој и да е од нив, рекол дипломатски извор, наведувајќи дека идејата била да се обезбеди дека ниедно од решенијата нема да биде отфрлено пред состанокот.