Челниците на ЕУ тестираат нов предлог со Фон дер Лејен како претседателка на ЕК

Челниците на земјите членки на Европската унија во вторникот и натаму водат интензивни билатерални и мултилатерални консултации за новите челнции на клучните европски институии и во моментов се проверува можноста кај пратениците да мине новиот пакет.

Спред новиот „пакет“ предлози за петте челни позииции, претседателка на Европската комисија би требало да стане германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, претседател на Европскиот совет да биде белгискиот премиер Шарл Мишел, Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна досегашниот потпретседател на Европската комисија, Словакот Марош Шефчович или шпанскиот социјалист поранешен претседател на Европскиот парламент, Жозеп Борељ. Ова го потврдиле за агенциите дипломатски извори од Брисел.

Фон дер Лејен доаѓа од редовите на Европската народна партија (ЕРР), Мишел го предлагаат либерал, додека Шефчович и Борељ се предлози на социјалдемократите.

Мандатот на претседателот на Европскиот парламент би бил поделен меѓу конзервативците и социјалдеморкатите. Првите две и пол години претседател би бил Германецот Манфред Вебер, а во втората половина Бугаринот Сергеј Станишев. С

Според истиот предлог, на местото претседателка на Европската централна банка (ECB) би трабало да дојде поранешната француска минситерка за финансии и челничка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, којашто доаѓа од конзервативната партија Републиканци која е членка на ЕРР.

Пакетот предвидува и „шпиценкадидатот“ на социјалдемократите Холанѓанецот Франс Тимерманс да остане на истата функција која ја има во моментов, односно прв потпретседател на Европската комисија. Зад овој предлог наводно застанеле Германија и Франција.

Почетокот на пленарната седница веќе двапати одложуван, и се очекува да започне во секој момент.