Челниците на Г7 им испратија пораки на Русија и Кина

Челниците на седумте индустриски најразвиени земји во светот од групата Г7, коишто себеси се опишуваат како „најбогатите светски демократии“, ја повикуваат Русија да „престане со дестабилизирачките активности“, а од Кина побараа „да ги почитува човековите права“ и бараат целосна истрага за потеклото на коронавирусот.

Земјите од Г7, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Канада и Јапонија, во завршната изјава по тридневниот самит во Англија, на Русија ѝ порачуваат дека покрај тоа што треба да престанела со „дестабилизирачите активности“ и да ги изведе пред правдата „одговорните за кибернетичките напад“, коишто како што тврдат, додаѓаат од нејзината територија.

„Ја повикуваме Русија итно да истражи, веродостојно да објасни и да пружи веродостојни објаснувања за употреба на хемиско оружје на својата територија“, се наведува во задничката изјава во делот кој се однесува на Русија.

Овој повик се однесува на наводното труење на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални со нервен агенс, кој чудесно многу брзо оздраве во Германија, каде беше пренесен од клиниката во Омск, каде беше итно примен откако му се слоши на лет за Москва. Но Русија тврди дека испитувањето на биолошките материјали во нејзините три клиники не ги потврдуваат наодите што ги наведуваат германските воени лаборатории. Москва бара од Берлин да му ги предаде дојазите и биоматеријалите кои тој ги поседува за да може да отвори сеопфатна истрага. Но Германија тоа одбива да го стори.

Од Г7 наведуваат и дека Русија мора „да ја прекине системската репресија над невладиниот сектор и независните медиуми, како и да ги идентификува и прогласи за виновни лицата кои во границите на нејзината држава спроведуваат кибернетички напади“.

Претходно во неделата во телевизиско интервју рускиот претседател Владимир Путин порача дека Москва ќе спроведе истрага и ќе ги испорача тие лица, доколку и САД го сторат истото.

Велика Британија претходно соопшти дека Русија е „водечкиот промотор“ на кибернетичките напади. Тоа прашање стана актуелно по кибернетичките нападои врз цевководот за енергенси „Colonial“, најголемиот во САД и нападот врз најголемата светска компанија за преработка на месо JBS, кои предизвикаа повеќедневни прекини на работата и високи загуби.

„Ги повикуваме сите држави итно да ги идентификуваат и оневозмоќат криминални мрежи кои изведуваат кибернетички напади“и бараа откупнина и да ги изведат пред правдата“, се наведува во изјавата на Г7.

Истовремено Г7 ја повикуваат Кина да ги почитува човековите права на туркофоното муслиманско малцинство во покраината Ксиџијанг-Ујгурија, да му даде висок степен на автономија на Хонгконг и да спроведе целосна истрага за потеклото на коронавирусот. Во завршната изјава го повикуваат и Пекинг да се „воздржи од акции кои ја дестабилизираат“ ситуацијата во Источното и Јужното Кинеско Море. Станува збор за област богата со природни ресурси и важен поморски пат на кој право полага Кина, но и други земји во регионот сојузници на САД.

Јакнењето на Кина како водечка глобална сила се смета за еден од најважните геополитички настани на преминот меѓу двата милениума. Но нејзиното појавување како светска сила предизвикува нервоза кај САД, на претседателот Џо Бајден која ја смета Кина за главен стратешки конкурент вети дека ќе им се спротистави на „кинеските еконосми злоупотреби“ и го осуди „кршњето на човековите права“.

„Ќе ги промовираме нашите вредноти, а тоа вклучува ппочитување на човековите права и темелните слободи, особено во врска со покраината Ксинџијанг (каде Ујгурите се речиси половина од населението), правата, слободите и високиот степен на автономија на Хонгконг како што е запишано во Заедничката британско-кинеска декларарација“, се наведува во изјавата на Г7.

Кина е на удар за односот кон одредени припадници на ујгурското малцинство, кои ги обвинува сепаратизам, за серијата терористички напади низ земјата и за поврзаност со глобалните џихадистички организации.

Поранешната колонија Хонгконг од 1842 година чиј суверенитет на 1-ви јули 1997 беше вратен на Кина според договорот кој во 1984 година го потпиша Велика Британија, го има статусот на Специјален административен регион на Народна Република Кина најмалку до 2047 година, според формулацијата „една земја, два система“. Според него, оваа територија може да задржи одредени слободи, како што е слободата на протест, на говорот и медиумите, и независен правосуден систем. Западот го обвинува Пекинг дека ги крши тие права и слободи, кој пак одговора дека станува збор за внатрешно прашање без прекршување на одредбите од договорот, и ги обвини западните разузнавачки служби за поттикнувања протести и безредија во Хонгконг обвинувајќи ги за стара империјална политика.

Кога станува збор за Кина, Г7 изразува и „загриженост поради присилната работа во глобалниот синџир за снабдување во земјоделието, во соларната и текстилната индустрија“. „Загрижени сем поради сите форми на присилен труд во синџирите за снабдување, вкличително и присислниот труд кој го спроведува драќвата над ранливите групи и малцинства…“, наведуваат земјите од групата Г7.

Некои експерти на ОН и западни групи за човекови права сметаат дека милиони луѓе, главно Ујгури, последните години се заточени во ткн работни логори во Ксинџијанг. Кина ги отфрла тие обвинувања и вели дека станува збор за „центри за обука и превоспитување“ во борбата против екстремизмот и тероризмот, како и дека лицата кои „минале низ тие центри добиле дипломи“ за острученост.

Пред да биде објавена заедничката изјава на Г7, кинеската амбасада во Лондон издаде соопштение кои ги предупреди челниците на овие земји дека „деновите кога глобалните одлуки ги диктираше мала група земји одамна се минати“, и дека „државите, големи или мали, силни или слаби, богати или сиромашни, се еднакви и дека светските прашања би требало да се решаваат со советување со сите држави“.

Г7, исто така, во изјавата ја истакнува и важноста од „мир и стабилност во Тајванскиот теснец“. „Сериозно сме загрижени за состојбата во Источното и Јужното Кинеско Море и остро се противиме на едностраните обиди за измени на статус-квото и зголемување на тензиите“ во областа, се наведува во заедничката изјава.

Натаму, во изјавата на Г7 се повикува на „правовремена и транспарентна“ истрага на научниците на СЗО за потеклото на коронавирусот, иако во март годинава оваа органзизација под покровителство на ОН го издаде извештајот според кој нема вина на Кина за наводно криење податоци за епидемијата.

„Повикуваме на правовремена, танспарентна, научна Фаза 2 од итрагата на СЗО за потеклото на Covid-19 во Кинa, како што препорачаа експертите во извештајот од Кина“, наведуваат челниците на Г7.

САД и ЕУ заговараат нова истрага за потеклото на пандемијат, меѓу која и верзијата на „бегство“ на вурусот од лабораторијата во Вухан, каде што во декември 2019-та првпат беше идентификуван новиот коронаивирус SARS-CoV-2. Првиот експертски тим на СЗО ова сценарио го нарече „многу малку веројатно“. Пекинг, пак, ја изнесе тероријаат да се спроведе истрага и во воени лаборатории во САД, и воопшто можноста вирусот да е „увезен“ во Кина.