Челникот на баварската конзервативна Христијанско-социјална унија (CSU) кој со демохристијанската Христијанско-демократска унија (CDU) го сочинува главниот германски политички блок на десниот центар, во саботата зборуваше за лошите резултата на парламентарните избори последната неделата од септември.
Маркус Зедер го припиша лошиот резултат на Унијата CDU/CSU на непопуларниот кандидат за канцелар Армин Лашет, лидерот на демохристијаните, како и на слабата стратегија во кампањата.
„Толку е едноставно: на крајот, Германците сакаа поинаков кандидат за канцелар од они кои го предложија CDU и CSU“, изјави Зедер на регионалната средба на младината на неговата партија во саботата во баварски Дегендорф.
Во CSU се надеваа на посдржински нови политички планови, меѓу кои се намалување на даноците за средбата класа, за основачите на компании и за оние кои многу заработуваат, што на крајот не влезе во манифестот на партиите.
„Да се каже дека ништо нема да се промени не е баш мотивирачки или стимулирачки“, додаде Зедер.
Без конкретно да ја спомене CDU, Зедер ја повика сестринската партија на CSU да не им прави отстапки на либерал-демократите од Слободната демократска партија на Германија (FDP) и на Зелените, само за да се остане во владата. Предупреди против седењето на „домашниот праг“ на власта и чекањето доколку преговорите меѓу трите парти не резултираат со договор.
Челниците на Социјалистичката партија на Германија (SPD), на партијата Зелени и на FDP започнаа во четвртокот резговори за формирање коалициска влада којашто би ја предводел социјалдемократскиот канцеларски кандидат Олаф Шолц, актуелен министер за финансии во колаициската влада на заминување со конзервативците.
Унијата CDU/CSU, која ја предводи претседателот Армин Лашет кој претходно седмицава најави повлекување од партиската позиција, и покрај најлошиот изборен резултат во историјата, мисли дека може да се создави влада со зеленети и либералите.
„Ние не сме само постојан заменски кандидат“, порача Зедер за кого изборниот резултат е „пресвртен момент“ за CDU и CSU. „Унијата насекаде е пораена, широко и длабоко…, сека сме дури на четвртото емсто меѓу младите гласачи“, рече Зедер.