Челникот на Ла Лига за Реал – Полудеа

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас во четвртокот остро го критикуваше Реал Мадрид, тврдејќи дека клубот е „против сѐ и сака да ѝ наштети на конкуренцијата“, а неговите изјави дојдоа откако претставници на „Кралскиот клуб“ одбија да присуствуваат на состанокот меѓу Ла Лига, Техничкиот комитет на судиите и шпанската фудбалска асоцијација RFEF.

На состанокот присуствуваа претставници на сите останати клубови од Ла Лига.

„Тие изградија наратив за жртва, а последната капка копја ја прели чашата беше писмото што го објавија пред некој ден. Тие го прават тоа веќе долго време, но тоа не е вистина. Она што тие се обидуваат да го направат е да влијаат на конкуренцијата на неприфатлив начин“, рече Тебас повторувајќи ја својата фрустрација од ставот на клубот и најави покренување на правна постапка против Реал Мадрид.

„Ќе поднесеме пријава. Анализираме дали тоа ќе биде против клубот, потписниците на писмото или управвниот одбор. Има невистини или полувистини во нивната изјава и тоа не може да остане неоспорено“, изјави Тебас.

Друга клучна точка на која се осврна Хавиер Тебас беше ставот на Реал Мадрид за случајот Негреиро, во кој Барселона е под истрага. Според Тебас, мадридскиот клуб ја преувеличил ситуацијата за да ги нападне своите најголеми конкуренти.

„Тие направија лоша анализа за случајот Негреиро. Утврдено е дека можело да има влијание за влез и испаѓање од лигата, но нема докази за исплати на судиите. Има претерувања и неосновани обвинувања во нивниот став”, објасни тој.

За Тебас, ставот на Реал Мадрид е дел од стратегијата за дискредитација на лигата.

„Тие сакаат да ја дестабилизираат и да ѝ наштетат на Ла Лига. Немаат друг избор освен да прибегнуваат кон вакви маневри. Полудеа“, изјави челникот на Ла Лига.