Челникот на проруските сепаратисти од Доњецк најави „пресвртен момент“

EPA/MYKOLA TYMCHENKO

Настапи пресвртниот момент за „ослободувањето“ на целата територија на Доњецката народна република, самопрогласена на украинскиот исток по превратот во Киев о 2014 година, изјави во средата Денис Пушилин привремен челник на регионот кој ланскиот септември на референдум изгласа влегување во составот на Русија што не го признаваат Украина и поголемиот дел од меѓународната заедница.

„Сега можностите за ослободување на Артемовск (Бахмут) и Северск, значително се подобрени. Тое е долгоочекуваниот излез во правец кон Краматорск и Славјанск. И ова всушност е пресвртница, сега во тек се подготовките за моментот кој го очекувавме – ослободувањето на Доњецката Народна Република“, рече Пушилин за емисијата „Соловьев Live“.

Според Пушилин, линијата на фронтот на украинската одбрана ќе биде уништена по целосното ослободување на Соледар, Бахмут и Северск, стратешки важна област која го отвора правецот кон соседната, исто така, отцепена мнозински руска и рускојазична област Луганск, но и кон централна Украина. Како што посочува водачот на проруските сепаратисти, тоа ќе им овозможи на руските сили да се придвижат по крилните позиции во правец на Горловск и Славјанск, а некаде и да се навлезе од задниот дел на фронтот.

„Во одреден фази и со правилно поставената соработка долго утврдуваниот непријателски фронт може да биде срушен“, тврди Пушилин,

Според него, под целосна контрола на руската војска е и местото Маринка на административната граница на областа Доњецк чиј дел е под контрола на украинската војска, а чии единици се утврдиле на периферијата на ова место. Пушилин призна дека „тоа ќе влијае врз времето за ослободување на оваа населба“ имајќи го предвид жестокиот отпор на украинската војска.

Во вторникот вечерта Британското министерство за одбрана објави дека руските сили „веројатно“ го заземал стратешки важниот град Соледар на граничните области на одметнатата доминантно руско источна украинска област Доњецк, а во средата рано утрото ноќта командант на приватната руска воена компанија „Вагнер“ тврдеше дека неговите борци го освоиле градот по интензивни борби и притоа додаде дека продолжуваат да се водат улични борби“.

Основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин рече дека „во центарот на градот е формиран котел во кој се водат урбани битки“, но дека руските борци ги заземале познатите рудници за сол.

Западните новински агенции пренесуваат дека не можат да ги потврдат овие тврдења, а засега на ова тврдења се огласи и официјален Киев.

Пригожин, исто така, во објавата на социјалните мрежи дека „бројот на заробениците“ ќе биде објавен подоцна во средата.

Украина објави дека нејзината војска сѐ уште пружа отпор на руските напади врз Соледар, на само 15 километри оддалечен од уште стратешки поважниот град Бахмут (Артемоск) кој Русија со месеци се обидува да го заземе. Двете страни објавуваа изминатите денови за големи загуби на противничките страни, но не и за своите загуби.

Пригожин објави своја фотографија во воена униформа опкружен со борци на „Вагнер“ во станица на борбено дејствување, но не наведува каде е направена снимката. Агенцијата РИА објави друга фотографија на Пригожин со борци и тврди дека е снимена во рудниците за сол во градот Соледар.

Пригожи изјави дека Соледар го освоиле „исклучиво“ припадници на „Вагнер“. Влијанието на Пригожин и на неговата приватна воена компанија „Вагнер“, основана според примерот на повеќето такви од САД и на Западот коишто со децении се активни ширум светот, значително се зајакна од почетокот на руската офанзива во Украина на крајот од февруари 2022 година.

Доколку биде потврден падот на Соледар, тоа ќе биде значително напредување на руските трупи и, можеби, како што најавуваат некои западни воени аналитичари, можеби вовед во поголема скорешна офанзива кон јужните области кои се под контрола на украинските сили.

Со заземањето на Солидар и Бахмут, Русија ќе оствари целосна контрола врз регионот Доњецк во неговите административни граници до 2014 година, а е еден од четирите украински региони кои ланскиот септември со референдум на мнозинското руско и рускојазично население се влезени во составот на Руската Федерација.

Украинскиот воен аналитичар Олех Жданов претходно ги опиша ужасите на борите во Бахмут и Соледар, каде што се водат најкрвавите битки на украинското боиште.

„Толку многу останаа на бојното поле… мртви или ранети. Ги напаѓаат нашите позиции во бранови, но ранетите по правило умираат онаму каде што лежат, поради студ или губење крв. Никој не ни доаѓа напомош, ниту ги собира мртвите од боиштето“, рече Жданов во објава на YouTube.

Пригожин претходно во саботата објасни дека заземањето на Соледар е важно поради мрежата подземни рударски тунели во кои може да се транспортираат тенкови и пешадиски возила. Системот на рудници под Соледар и Бахмут всушност е мрежа подземни градови на длабочина од 80 до 100 метри, а станува збор за повеќе од 160 километри подземни коридори.

Американски функционер минатата седмица рече дека претприемачот близок на Кремљ, Пригожин веројатно сака да ја презема контролата над рудниците на сол и гипс во оваа област од чисто комерцијални причини.