![celzi slavi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/celzi-slavi.jpg?resize=644%2C391&ssl=1)
Челси го совлада Тотенхем со 2:1 во натпревар од 27. коло на англиската Премиер лига.
Головите на попладневниот дуел на „Стемфорд Бриџ“ за „сините“ ги постигнаа Оливие Жиру и Маркос Алонсо. Тотенхем намали во самиот финиш со автоголот на Антонио Рудигер.
Во очекување на другите средби од 27.коло Челси е четврти на табелата со 44 бода, Тотенхем е петти со 40 бода.