![CHELSEA LUK SOU](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/CHELSEA-LUK-SOU.jpg?resize=630%2C420&ssl=1)
Раководните лица на Манчестер Јунајтед добија и повеќе од сериозна конкуренција во сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович, кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на Саутемптон, Лук Шоу.
Ако до пред неколку дена, Манчестер Јунајтед важеше за прв фаворит кога е во прашање потписот на 18-годишниот репрезентативец на Англија, сега таа улога им е доделена на лондонските “сини”, чии сопственик е подготвен да одвои околу 35 мил. евра за неговите услуги.
Англиските медиуми се убедени дека офанзивниот лев бек ќе го открие името на новиот клуб пред стартот на престојниот Мундијал во Бразил.