Во последниот саботен натпревар од 8-то коло на англиската Премиер лига, Арсенал загуби на гостувањето кај Вотфорд со 1:2, актуелниот шампион Челзи беше исто така изненаден од последниот тим во лигата, а претендентот на титулата Манчестер Сити постигна седум гола.
Арсенал поведе во 39 минута со голот на Пер Мертесакер, но во второто полувреме Вотфорд преку пеналот на Трој Дини и Том Клеверли во втората минута од судиското продолжување го донесе целосниот пресврт. Вотфорд со новите три има вкупно 15 бодови го мина Арсенал кој има 13 бодови и се искачи на четвртото место на табелата. Лондонските „топчии“ сега се на 6-то место.
Најголемото изненадување го приреди последнопласираниот Кристал Палас кој ги запиша првите бодови оваа сезона, совладувајќи го актуелниот шампион Челзи со 2:1. Палас поведе во 11 минута благодарејќи на автоголот на Сезар Аспиликуета, но „сините“ од Лондон изедначија набрзо во 18 минута преки Тиему Бакајоко, но Вилфред Заха го 45 минута го постави конечниот резултат, а неговите соиграчи успеаја да одолеат на нападите на прваците во второто полувреме. Челзи со овој пораз падна на 5-то место со 13 бодови и го зголеми заостанувањето за водечките тимови на табелата.
Најголемото дерби на островскиот фудбал заврши без победник. Но поразително беше што натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед беше здодевен речиси и без шанси за постигнување погодок. Манчестер е втор на табелата со 20 бодови, а Ливерпул е во групата тимови со по 13 бодови но поради слабата гол-разлика е на 8-то место.
И додека на ливерпулски „Енфилд“ дербито беше осиромашено што се однесува до головите, на „Итихад“ гледачите можеа да видат дури девет голови во победа на Манчестер Сити над Стоук Сити со 7:2. За домаќините два гола постигна Габриел Жезус во 17 и 55 минута, а по еднаш погодија Рахим Серлинг во 19, Давид Силва во 27, Фернандињо во 60 , Лерој Сане во 62 и Бернардо Силва во 79 минута. Стрелци за гостите беа Маме Бирам Диуф во 44 и Кили Вокер во 47 минута си постигна автогол. Манчестер Сити се осами на врвот со 22 бодови, два повеќе од лутиот градски ривал Манчестер Јунајтед кој има 20 бодови, а Стоук Сити е 15-ти со 8 бодови.
Вест Хем Јунајтед можеше да победи иако повеќе од еден час играше со играч помалку, по исклучувањето на напаѓачот Едно Карол. „Чеканите“ поведоа во 19 минута преку Мичел Ентони, а ремито за Барнли го донесе во 85 минута Крис Вуд. Барнили е 7-ми со 13 бодови, а Вест Хем Јунајтед е 14-ти со 8 бодови.
Тотенхем со голот на Кристијан Ерискен во 47 минута минимално (1:0) го совлада Бурнмут, кој е претпоследен на првенствената табела со 4 бодови. Тотенхем, пак, го задржа ритамот со водечкиот двоец и е трет со 17 бодов, односно пет помалку од првиот Манчестер Сити и три од вториот Манчестер Јунајтед.
Свонси Сити пред своите навивачи беше сигурен со 2:0 против Хатерсфилд Таун, а двоен стрелец беше Тами Ебрахам во 42 и 48 минута. Свонси е 13-ти со 8 бодови, додека Хатерсфилд кој е нов во првата англиска дивизија по одличниот старт се стабилизира околу средината на табелата, 11-ти е со 9 бодови.