Челзи и Сити немаат право на нов кикс

Најголемите фаворити за шампионската титула во англиската Премиер лига, тимовите на Манчестер Сити и Челзи, денеска имаат само една обврска, да забележат триумф во првенствените натпревари од 33. коло.
Помалку трофејниот клуб од Манчестер ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога и предноста на домашниот терен во дуелот со секогаш незгодниот тим на Саутемптон.

За нијанса полесна задача би требало да имаат фудбалерите на Челзи кои ќе се обидат да забележат триумф во дуелот со гостинскиот тим на Стоук.Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед важи за благ фаворит пред дуелот против домашниот тим на Њукасл, а предводникот на “црвените ѓаволи”, Дејвид Мојес потврди дека нема да тактизира со почетниот состав иако за неколку дена неговиот тим го реванш 1/4 финалниот дуел во Лигата на шампиони.

Денеска на програмата: Астон Вила – Фулам, Манчестер С. – Саутемптон, Кардиф – Кристал Палас, Хал – Свонси, Норвич – ВБА, Њукасл – Манчестер Ј., Челзи – Стоук.