Иако за неколку дена завршува зимскиот преоден рок, сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Роман Абрамович веќе почнал со сотавување на списокот со фудбалери кои би требало да се преселат на “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок.
Прв на списокот со фудбалери е најскапата аквизиција во клупската историја на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани.
Факт е дека Кавани до сега ги нема оправдано вложените 60 милиони евра и дека е во сенка на шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ.
Големата желба на сопственикот на лондонските “сини” може да стане реалност само доколку понудата за 26-годишниот напаѓач не биде помала од 60 мил. евра.