Шпанскиот репрезентативен голман Кепа Аризабалага оваа сезона ќе ја мине во дресот на мадридски Реал каде доаѓа како позајмен играч од лондонски Челзи, објавија двата клуба на своите мрежни портали во понеделникот без да ги изнесат финансиските поединости од договорот.
Реал на овој потег се реши откако првиот голман Белгиецот Тибо Куртоа тешко го повреди коленото и ќе мора да ја пропушти целата сезона.
Кепа Аризабалага во Челзи дојде во август 2018 година од Атлетик Билбао за отштета од околу 80 милиони евра. Во својата прва сезона во Лондон впиша 54 настапи и учестуваше во освојувањето на Европската лига. Во следните четири сеозни бранеше на 109 натпревари и му помогна на тимот во освојувањето на Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и титулата Светски клупски првак.
Минатата сеозна беше капитен на тимот од „Стенфорд Бриџ“, а Аризабалага во Мадрид ќе биде претставен во вторник.
Доаѓањето на едногодишно позајмување на популарниот Кепа следеше откако Челзи во овој преоден рок од Брајтон го доведе неговиот 25-годишен сонародник Роберто Санчез кој во неделата дебитираше во домашниот меч против Ливепрул кој заврши без победник 1:1.