Во одложениот дуел од 31-то коло на англиското фудбалско првенство Челзи славеше со 2:1 на гостувањето кај Барнли и остана и натаму со шанси за пласман следната сезона во Лигата на шампионите.
Гостите поведоа во 20 минута по автоголот на Кевин Лонг кого топката го неочекувано го погоди по нафрлувањето од Виктор Мозес. Израмни Ешли Барнес во 54 минута, но само пет минути подоцна Мозес го доведе Челзи во ново водство.
Во четвртокот беше одигран уште еден меч, и тоа од 34-то коло во кој Лестер и Саутемптон одиграа без голови.
На табелата во недостижно водство со 87 бодови е Манчестер Сити и веќе ја обезбеди титулата. На втората позиција е Манчестер Јунајтед со 74 бодови, Ливерпул е трет со 70, а четврти, последната позиција која води во квалификациите за Лигата на шампионите ја држи Тотенхем со 68 бодови. Челзи сега е петти со 63 бодови, а потоа следат Арсенал со 54, Барнли со 52 и Лестер со 43 бодови.
Саутемнптон остана на 18-то место, кое води во понизок ранг, и има 29 бодови, четири помалку од зоната за опстанок. Последните две места на табелата ги држат Стоук Сити со 28 8 Вест Бромвич Албион со 24 бодови.